БОЖЕСТВЕНА ЕНЕРГИЈА (2) – ГОРДАНА ВИНЧИЌ

6,000.00 MKD

Опис

 

Наслов: БОЖЕСТВЕНА ЕНЕРГИЈА (2)

Автор: Гордана Винчиќ

Материјал: Јаглен и туш

Година на изработка: 2021 год.

Цена:  6000 денари

Димензии:  30cm х  20cm

Делото е од циклусот ”Божествена енергија”.

 

 

ГОРДАНА ВИНЧИЌ

1998 година дипломира социјална работа и политика при универзитет Лунд во Шведска.

Откако ги завршува студиите се занимава со социјална работа и се здобива со повеќегодишно лидерско искуство во општината на Град Малме. Во неколку успешни проекти Гордана внесува уметност како алатка за интегрирање на ранливите групи во општеството. Со тимот остваруваат над 300 ликовни работилници во Малме. Со завршувањето на последниот проект во 2014г. Гордана одлучува да се пренасочи и целосно предаде на незаборавениот детски порив кон творењето. Започнува една нова ера каде што уметноста станува централен дел во нејзиниот живот.

Одлучува во своите дела да ја прикаже возвишеноста на женскиот принцип. Во творењето се потпира на интуицијата и со наклонетост ги претвора дамнешните културни наследства, симболи и митологија во современа изразна форма. Инспирацијата и доаѓа од внатрешниот свет на слики, бои и визии. Делата на Гордана се мистични, исполнети со носталгија и надреална симболика. Тие побудуваат размисла и трагање по одговори. Важен поттик и е мудроста, драгоцен потенциал кои сите го носиме.

Горданa има реализирано повеќе од 20 самостојни и 40 групни изложби, меѓу кои една од позначајните е изложбата во Музејот на современа уметност во Санкт Петерсбург 2015 година. Изложува и твори во Франција, Шведска, Англија, Русија, Србија, Мароко, Кипар, Турција, Албанија, Бугарија и Македонија.

Учествува и организира повеќе меѓународни ликовни колонии, групни изложби, симпозиуми и манифестации во Европа. Добива награда за најдобар “Деби стрип на годината” 2016г. во Македонија.  Досега Винчиќ има изработено над 3000 уметнички дела: цртежи, слики, илустрации, графики, дигитални цртежи, инсталации, мурали и реди мејд склуптури.

 

 

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro