ЕЛ МАКЕДОНЕРО-Оливер Ромевски

186.00 ден

 

 

Опис

Наслов: ЕЛ МАКЕДОНЕРО
Издавач: Дел Рио Филмс
Печатено: 2010
Јазик: Македонски
Автор: Оливер Ромевски
Цртеж: Зоран Танев-Алапулов-Пикси
Страни: 56
Големина: 88, 6 МБ
Цена: 186.00 денари

Првиот македонски анти-терористички стрип-албум ЕЛ МАКЕДОНЕРО

Читајте го дома на својот компјутер, телефон, лап топ или таблет во извонредна ПДФ верзија.

Ел Македонеро е приказна за Македонецот Ѓорѓи Христов кој бегајќи од лудоста на југословенските војни завршува во елитните шпански единици за борба против ЕТА. Тука тој станува таинстевениот и мрачен ЕЛ МАКЕДОНЕРО. По десетина години се враќа во Македонија каде што го наоѓа своето семејство во сосема друга состојба од таа во која го беше оставил. Не знае дека по него во Скопје доаѓа најпознатиот терорист во светот, Гонзалес кој мора да му се одмазди за тоа што ЕЛ МАКЕДОНЕРО и го направи на една од најпознатите терористички организации во светот-ЕТА.
Соочен со новата ситуација со брат му и баба му, ЕЛ МАКЕДОНЕРО се среќава со својот најверен другар Наим и неговата сестра Мелина, неговата прва љубов. Но, албанската мафија не е одушевена од таа средба бидејќи Мелина мора да се проституира за нив, а Наим е инвалид. Во тој момент се вмешува и Гонзалес…