Sold out!

ИЗВОР – СУЗАНА БОРНАРОВА – БОРНА 

72.00 EUR

Sold out!

Опис

Наслов: ИЗВОР

Автор: Сузана Борнарова

Материјал: Акрил на платно

Производство: 2021 година

Цена: 4,500.00 денари

Димензии: 50 cm х 70 cm


СУЗАНА БОРНАРОВА – БОРНА 

Сузана Борнарова е родена 1974 година во Скопје. Работи како редовен професор при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потекнува од сликарска фамилија од каде го наследува сликарскиот талент, поради што љубовта кон сликањето ја следи уште од најрана возраст. Сликањето го доживува како слобода…. на мислите, чувствата, душата. Се занимава со апстрактно сликарство во кое преовладуваат светли, контрастни и вибрантни бои. Нејзини омилени техники се работа со шпатула, структурна паста и акрилни бои, фигуративно сликање(figure painting), импасто (impasto) и разлевање (pouring). Авторката секогаш слика интуитивно, по сопствена инспирација, без изработка на претходни скици.

Сузана Борнарова, позната под уметничното име БОРНА, слика исклучиво оригинални, односно сопствени авторски слики кои не се копии или репродукции на слики од други автори. За тоа сведочат впечатливите потези и колорит на нејзините уметнички слики кои се практично неповторливии лесно препознатливи, во што всушност се состои нивната, како и вредноста на апстрактната уметност воопшто. Оттука, за секоја нејзина слика слободно може да се каже дека е уникатнa, или со други зборови дека „постои само една таквa“.

MKD / EUR
EUR Euro