ЛЕТО 2- АНДРИЈАНА МАЦИЕВ

7,500.00 MKD

In stock

Опис

Наслов: ЛЕТО 2

Автор: Андријана Мациев

Материјал: Акрил на платно

Производство: 2021 год.

Цена: 7500 денари 

Димензии: 20 cm х 20 cm

*ЗА СИТЕ 4 СЛИКИ ОД ЦИКЛУСОТ “ЛЕТО” ПОПУСТ ОД 10%

АНДРИЈАНА МАЦИЕВ

Родена 1980 во Скопје.
Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје.
Дипломира на Факултетот за Ликовни уметности, оддел-графика во класата на проф. Димитар Малиданов.
Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Членува и во Здружението Широка Стаза од Земун.
Изложува самостојно од 2009 година реализирајќи 25 изложби во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Демир Капија, Струмица, Куманово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Белград, Софија и Сарасота.
Учествува на повеќе од сто групни изложби од 2006 година, манифестации, ликовни колонии и работилници во Македонија и Инстамбул, Варна, Шамелиер, Белград, Тузла, Созопол.
Реализира и ликовни перформанси во склоп на културните денови во Македонија.
Добитник е на повеќе награди меѓу кои:
2008г. Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте
2010г. Награда за посебен придонес во уметноста на графиката, Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres
2019г. Признание од Меѓународна манифестација за литература, уметност и култура “Планетопија”2019 за Уметник на годината
2021г. Платинеста плакета за целокупното ликовно творештво на Интернационална литературна манифестација и манифестации за ликовна култура Милица Паулус.

*СРЕДСТВАТА ОД СЕКОЕ КУПЕНО УМЕТНИЧКО ДЕЛО ОД АНДРИЈАНА МАЦИЕВ  ПРЕТСТАВУВААТ ДОНАЦИЈА ЗА НЕЈЗИНО ЛЕКУВАЊЕ

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro