НА МОЈ НАЧИН 2 – ЈОРДАН ЃОРЧЕВ

10.38 EUR

In stock

Опис

Наслов: На мој начин 2

Автор: Јордан Ѓорчев

Година на издавање: 2020

Цена: 649 денари

Издавач: „Меѓународен Центар за Славјанска Просвета“ – Свети Николе

Страни: 271

Инфо: Карикатурите на Јордан Ѓорчев се оригинални, длабоко-хумани, духовити, сатирични.. Јордан Ѓорчев е современ трагач по авантурата што се вика живот. Со своите карикатури ги обелоденува предизвиците, стапиците, верувањата и неверувањата, заблудите и насочувањата, мери, одмерува и домерува од различни агли. Тој допира до реалните проблеми на животот со цртежи и текст, а карикатурата е костенова ежка во рацете. Во неа се крие симболиката на егзистенционалниот немир.

Јордан Ѓорчев е роден 1963 година во Свети Николе.

Во Скопје завршува правен факлутет, Магистрира на тема од областа социјална психологија во Русија и општествени и политички односи во Бугарија, а докторира на Тамбовскиот државен универзитет.

Од 2000-2005 година работи како градоначалник на општина Свети Николе. Во 2005 ја основа приватната високообразовна установа – Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе. Денес работи како директор на Управен Одбор на МСУ.

Во слободно време се занимава со сликарство, карикатура и пишува поезија и проза. Има издадено повеќе дела меѓу кои: збирка карикатури „Мојот пат”, тријазичина збирка на карикатури „На мој начин 2“, илустрирано кратко дело „Принцот што личеше на малиот принц“, збирка раскази „По 3000-та”, збирки поезија  објавени на македонски и руски јазик: „Еден, една, едно“, „Чекори еден ден осамен“ и „Здивот на волшебното огледало“. Автор е и на повеќе стручни книги од областа на економијата.

MKD / EUR
EUR Euro