ПЕЈСАЖ – БУРИМ АЈДИНИ

Опис

Наслов: ПЕЈСАЖ

Автор: Бурим Ајдини

Материјал: Mасло на платно

Производство: 2019 год.

Цена: 221875 денари

Димензии: 100cm х 100cm

БУРИМ АЈДИНИ

Бурим Ајдини  роден 1980г.  во Тетово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Државниот универзитет во Тетово, а магистрирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Приштина во класата на проф. Тахир Емра.

Од 1999 година работи како професор по ликовна уметност во средното училиште “Моша Пијаде” во Тетово.

Главниот мотив во неговите слики е природата и реалниот свет со емоции и интимност.Постигнува експресивен ефект, при што основата на сликите се бои, конструктивни, хоризонтални и вертикални форми, кои придонесуваат за динамика на сликата. Преку врската на боите како сива, зелена, виолетова, сина …  ја изразува врската меѓу Земјата и Небото.

Учествува на повеќе групни изложби и тоа во: Македонија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Холандија, Италија.

Настапува со самостојни изложби во Скопје, Тетово, Битола, Милано, Париз, Њујорк.

 

MKD / EUR
EUR Euro