Родена во Охрид 1967год. каде завршува основно и средно образование. Уште од мали нозе покажува интерес за сликарството и дизајнот.
Дипломира на Архитектонскиот Факултет на Универзитетот “Свети Кирил и Методи” во Скопје. Скоро целиот работен век го минува во областа на Ентериерното Уредување. Го сака сликарството особено Апстракната Уметност, заради давањето на голема слобода во творењето.