Sold out!

ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА ЗА АТИЏЕ (4) – слики од СНЕЖАНА МЕЛНИК

Опис

Авторот на делата СНЕЖАНА МЕЛНИК сите средства од остварената продажба на хуманитарната аукција ќе ги донира на ликот од портретите АТИЏЕ МУРАТОВА (главната протагонистка во документарниот филм „Медена земја“)!!!

Наслов: циклус АТИЏЕ

Автор: Снежана Мелник

Материјал: Акрил

Производство: 2020 год.

Почетна Цена:  6500 денари

Димензии: 30 cm х  40cm

Снежана Мелник

Родена  во источна Украина  1979 година каде завршила технички и економски колеџ во средно училиште и студии на Националниот Универзитет во источна Украина. Студирала  и алтернативна психологија од каде го менува  погледот кон светот и значењето во животот.

Во 2013 година со своето  семејство се сели во Македонија. Тука  започнува да го учи сликарството како хоби. За првпат  во 2015 година учествува на групна изложба. Од 2016 до 2020 година учествува на 30 различни меѓународни ликовни колонии и била дел од многу меѓународни групни изложби. Организира 12 нејзини самостојни изложби. Таа сè уште активно работи на теми како што се човечки емоции, психолошки слики, човечки односи и сексуалност и индустриски пејзаж.

MKD / EUR
EUR Euro