ЦВЕЌЕ – ЖИВКО ПОПОВСКИ-ЦВЕТИН

400.00 ден

In stock

Опис

Наслов: Цвеќе

Автор: Живко Поповски-Цветин

Материјал: Акрил на хамер

Производство: 2020 год.

Цена: 400 денари

Димензии: А4 формат

 

 

Живко Поповски-Цветин

Живко А. Поповски – Цветин е роден 1944 година.

Завршил студии во Белград, Р. Србија.

Сликарството му е голема љубов и опсесија уште од најрани денови. Во изминатите 35 години главен мотив му е цвеќето, кое со голема убавина прераснува во симбол на мирот. Станува збор за сликар и хуманист, кој речиси целокупното свое творештво во над три децении му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основна порака:      „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

Над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија.

Досега Поповски има организирано над 300 изложби во земјата и во странство, меѓу кои во Полска, Канада, Германија, Романија САД, Хрватска, Србија, Италија, Австралија и др.

Во 2009 година Поповски беше кандидат за Нобелова награда за мир, каде од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.