НЕМА ДА ГО НАЈДЕТЕ ВО МЕНЕ – КРСТО АНАСТАС ГЛИГОРЈАДИС
4,330.00 MKD
Sold out!
Опис
Наслов: Нема да го најдете во мене
Автор: Крсто Анастас Глигорјадис
Материјал: Акрил на платно
Година на изработка: 2021 год.
Цена: 4330 денари
Димензии: 30cm х 50cm
КРСТО АНАСТАС ГЛИГОРЈАДИС е роден на 16.05.1996 година во Скопје, визуелен уметник, графички дизајнер и активист. Со неговата работа тој ја истражува уметноста на процесите низ кои поминува еден уметник, уметноста во постоењето на човекот во општеството како и врската помеѓу публиката и изведувачот. За него создавањето е експериментлна лабараторија која вклучува разни медиуми кои во комбинација го опишуваат самиот себе. Неговата генерална идеја се сведува на поврзување на луѓето кои не пружаат шанса да бидат поврзани со уметноста. Со постојано превземање средства и методи за усовршување на својот иден концепт, ја опфаќа сеопфатната анализа на емоционалната интелигенција на човекот и ја префрла во еден вид на платформа.
Во текот на неговата кариера има изреализирано неколку уметнички проекти:
-“Ginekes” 04.04.2014 прва самостојна изложба во Concept37
– “Future School” 24.08.2016 мини изложба во City Hall
-“Les yeux de la mama” колаборација и мултимедијална изложба со Христина Тарабунова 21.12.2016 во Wonderlust concept store
– Учесник на интернационалниот саем за современа уметност во Скопје “Paratissima Skopje” 15.06.2017 во Младинскиот културен центар
-учесник на групната изложба “13 причини зошто” во организација на Христина Тарабунова во Излет Кафе на 29.04.2018
– Успешна реализација на долгогодишен проект и прв перформанс на 02.06.2018 година насловен како “VANITAS” во Македонската Опера и Балет
– учесник на групната хуманитарна изложба “Донирај уметност” во организација на Зоран Кардула 03.09.2018 во КИЦ
-“Социјален инкубатор”, 30.05.2020, визуелен проект подржан од ЛаСтрада-здружение за акција против насилство и трговија со луѓе
-“Роденден во изолација” онлајн видео перформанс 16.05.2020