Sold out!

ОЧИТЕ НА МАМА 3 – ХРИСТИНА ТАРАБУНОВА & КРСТО АНАСТАС ГЛИГОРЈАДИС

Опис

Наслов: ОЧИТЕ НА МАМА 3

Автор: Христина Тарабунова & Крсто Анастас Глигорјадис

Материјал: Дрво, метал, акрил, монистра и силикон 

Производство: 2016 год.

Цена: / денари 

Димензии: ѕидна скулптура

 

ХРИСТИНА ТАРАБУНОВА

Родена 1987 година во Скопје.
Уште во своето рано детство учествува на разни уметнички конкурси како Мал Битолски МонмартрГалеријата Остен  и на други колективни детски изложби каде се здобива со награди.
Својата прва изложба “Les veyx de la mama” ја реализира во 2016 година во Скопје во колаборација со уметникот Крсто Анастас Глигорјадис каде главен извор за инспирација ги води погледот на секоја мајка, преку надреално претставени дела.
Втората самостојна изложба е со хуман карактер “Оној кој ќе зачува животго чува целиот свет – 13 причини зошто” и е во Скопје 2018г.
Учествува и на хуманитарните колективни изложби “Донирај уметност“,  во Културно Информативен Центар – Скопје 2018 г. и “Која пудра најдобро покрива модрици” во Скопје 2019 г.
Во 2020 г. учествува на колективната изложба “Ослободени” во форма на краткометражен филм во кој заедно со неа учествуваат 8 артисти.
Денес работи во Туристичкиот Информативен Центар на Град Скопје.

КРСТО АНАСТАС ГЛИГОРЈАДИС  е роден на 16.05.1996 година во Скопје, визуелен уметник, графички дизајнер и активист. Со неговата работа тој ја истражува уметноста на процесите низ кои поминува еден уметник, уметноста во постоењето на човекот во општеството како и врската помеѓу публиката и изведувачот. За него создавањето е експериментлна лабараторија која вклучува разни медиуми кои во комбинација го опишуваат самиот себе. Неговата генерална идеја се сведува на поврзување на луѓето кои не пружаат шанса да бидат поврзани со уметноста. Со постојано превземање средства и методи за усовршување на својот иден концепт, ја опфаќа сеопфатната анализа на емоционалната интелигенција на човекот и ја префрла во еден вид на платформа.
Во текот на неговата кариера има изреализирано неколку уметнички проекти:
-“Ginekes” 04.04.2014 прва самостојна изложба во Concept37
– “Future School” 24.08.2016 мини изложба во City Hall
-“Les yeux de la mama” колаборација и мултимедијална изложба со Христина Тарабунова 21.12.2016 во Wonderlust concept store
– Учесник на интернационалниот саем за современа уметност во Скопје “Paratissima Skopje” 15.06.2017 во Младинскиот културен центар
-учесник на групната изложба “13 причини зошто” во организација на Христина Тарабунова во Излет Кафе на 29.04.2018
– Успешна реализација на долгогодишен проект и прв перформанс на 02.06.2018 година насловен како “VANITAS” во Македонската Опера и Балет
– учесник на групната хуманитарна изложба “Донирај уметност” во организација на Зоран Кардула 03.09.2018 во КИЦ
-“Социјален инкубатор”, 30.05.2020, визуелен проект подржан од ЛаСтрада-здружение за акција против насилство и трговија со луѓе
-“Роденден во изолација” онлајн видео перформанс 16.05.2020

MKD / EUR
EUR Euro