ПОДЕН МОЗАИК ОД КРСТИЛНИЦАТА НА ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛКА ВО СТОБИ – ИВАН ДИМИТРИЕВСКИ
56.00 EUR
Sold out!
Опис
Наслов: ПОДЕН МОЗАИК ОД КРСТИЛНИЦАТА НА ЕПИСКОПСКАТА БАЗИЛКА ВО СТОБИ
Автор: Иван Димитриевски
Материјал: Мозаик во посебна техника со маслени бои
Производство: 2020 г.
Цена: 3500 денари
Димензии: 40 см х 30 см
ИВАН ДИМИТРИЕВСКИ
Роден 1949 година во Битола. Уште од млади години ја засакува ликовната уметност. Иако поголемиот дел од животот, односно 44 години работи како возач во ЖАС и “Континентал”, постојано се труди дел од слободното време да го посвети на ликовната уметност, која најмногу ја научил во атељето на познатите иконописци Ристо Димовски и Никола Крнчев. Користи техника масло на платно и изработува мозаици со посебна техника со разни мотиви како цркви, манастири, цвеќиња и пејзажи. Неговите дела ги има во Англија, Франција, Шведска и во државите од поранешна Југославија. Во 2018 година имаше самостојна изложба во НУ Центар за култура Битола на која презентираше дела изработени во разни техники. Има реализирано заеднички изложби заедно со група млади автори на кои им ја пренесе техниката и ги мотивира да започнат со творење ликовни дела.