32 – ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ
31,250.00 MKD
Sold out!
Опис
Наслов: 32
Автор: Панде Петровски
Материјал: Maсло на платно
Година на изработка: 2009 год.
Цена: 31250.00 денари
Димензии: 80 cm х 65 cm
Роден 1939г. во Брусник, Битола. Завршил Педагошка Академија во Скопје, ликовна насока во класата на Вангел Коџоман. Работел како наставник по ликовно воспитание од 1964 до 2002). Сега е во пензија. Член е на: ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници Битола). Координатор е на меѓународната ликовна колонија “Де Ниро”–Битола од нејзиното основање (2005 год.).
Реализирал повеќе самостојни изложби (од 1959 до 2014) во: Битола, Кавадарци, Охрид, Креплин и Жагубица (Србија), Крањ (Словенија), Упсала (Шведска), Сиднеј и Волонгог (Австралија). Учествувал на многубројни групни изложби (од 1964 до 2004) во Битола, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Штип, Куманово, Струга, Скопје, Софија (Бугарја) и Истанбул (Турција). Неговите дела биле изложени и на меѓународни изложби на карикатури во Скопје, Струмица, Белград, Земун, Монтреал, Габрово, Истамбул и на меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија (во период од 1999 до 2015).
Неговите цртежи се објавувани во весниците како “Нова Македонија”,”Остен”,”Просветен работник”,”Битолски Весник”, “Без Навреда” и во повеќе списанија за култура како и антологиите за македонскиот и балканскиот афоризам. Исто така неговите цртежи се наоѓаат и во книгите: “Бели мисли и размисли”-афоризми, “Оаза на плачот”- хуморески, ”ДУМИ”-афоризми и хуморески, ”Срце куќа најширока”–цртежи (монографски каталог), ”Хомољски мотиви”–цртежи. Неговите илустрации ги има и на насловните страни во повеќе од 100 книги за деца и возрасни.
Добитник е на повеќе награди меѓу кои: наградата “Кирил и Методиј” за особени достигнувања во образованието, наградата “4-ти Ноември” на Општина Битола од oбласта на ликовната уметност, наградата на XIX Југословенски конкурс за сатиричен цртеж и современа карикатура на “Студенски збор”, специјална награда на 37. Светска галерија на карикатура“Остен”-Скопје, плакета–50 години МНД-Битола, наградата „Борислав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување на годишната изложба на ДЛУБ.