Privacy Policy

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Прибирањето на сите податоци од оваа интернет страна се во согласност со Законот за заштита на личните податоци (“ Службен весник на Република Македонија” бр.7/05 и 103/08).

Прибирање и обработка на лични податоци

Лични податоци на пример, вашето име, вашата адреса, било да е e-mail или поштенска, ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ не прибира податоци од вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример, да купите влезница, или да се пријавувате за добивање вести и известувања преку СМС.

Бројот на вашата кредитна картичка е пренесен директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време броjот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер. Трансакциите се обработуваат преку систем и се предмет на обрабтка само од центарот за процесирање и во ниеден момент ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ нема пристап до информациите од вашата картичка.

Користење и чување на личните податоци

ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за техничките потреби на е-продавницата, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. Вашите лични податоци ќе бидат искористени за точна и навремена испорака на влезниците, за анализа и подобрување на нашиот веб сајт, како и за подобрување на понудата на влезници и други ваши барање во иднина. ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ нема да ги продаде ниту открие вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот! Вработените во ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Слобода на избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ, ве молиме имајте предвид дека можеби нема да ви бидат достапни некои делови од е-продавницата, како ни можноста за купување на влезниците. На веб сајтот се прибираат и автоматски податоци (не-лични податоци). Како на пример кога ќе се вклучите на е-продавницата на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ, општите не-лични информации (кој интернет пребарувач е користен, број на посети, просечно време поминато на страницата) автоматски се снимаат (не како регистрација). Овие информации се користат за подобрување на изгледот на нашата е-продавница и за подобрување на содржината и функционалноста. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се откриваат на трета страна.

Cookies

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата е-продавница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите е-продавницата на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ. ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ ги користи Cookies исклучиво за да собере информации кои и се потребни на нашата е-продавница.

Безбедност

ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ се обврзува да ја заштити безбедноста на вашите лични податоци. Вашите податоци грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Малолетници

ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ им препорачува на сите родители и старатели да ги учат своите деца како безбедно и одговорно да ракуваат со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ без дозвола од своите родители или старатели. ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на било каков начин, ниту пак да ги проследи на трета страна без дозвола од родител или старател.

Врски со други интернет страници

Оваа изјава за заштита на личните податоци се однесува на официјалните страници хостирани од ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ. Интернет страниците под оваа страница може да содржат врски до други провајдери во склоп и надвор од е-продавницата на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ и оваа изјава за заштита на личните податоци не се однесува на нив. Кога ќе ја напуштите е-продавницата на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ, ве молиме водете сметка и прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци на секоја интернет страница.

Право на информации

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив, ве молиме контактирајте не` на нашата електронска адреса: [email protected]  На ваше барање, ќе бидете во најскоро можно време информирани кои од вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на е-продавницата на ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ.

Објавување на промени

Доколку има некои промени во нашата политика за заштита на личните податоци, тие ќе бидат објавени во оваа изјава за заштита на личните податоци, на почетната страница и на други места за кои сметаме дека се соодветни.

Последна промена

2019 г. Во никој случај нема да ги злоупотребуваме вашите лични податоци. Никогаш нема да ги делиме со трета страна, освен ако законот го бара тоа од нас. Никогаш нема да ви праќаме e-mail пораки за кои вие не сте дале согласност, со исклучок на пораки поврзани со купувањето.

ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА

Влезниците нарачани преку www.zlatenzab.mk ќе ви бидат испорачани преку наш логистички партнер.

Во согласност со условите за испорака на ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ, кон вредноста на нарачката се додаваат и трошоците за испорака, и тоа:

  • доколку адресата на испорака е на подрачјето на Република Македонија, нарачателот плаќа фиксен трошок за испорака во износ
  • производите се доставуваат во рок од 3 до 7 работни дена по испраќање (процесирање) на нарачката, невклучувајќи викенд денови и празници.
  • доколку не се оставени податоци во формата за достава, потребно е да се прати е-mail на: [email protected] со следниве податоци:
    • Име и презиме на примач на пратка
    • Адреса за достава
    • Телефонски број
    • Број на нарачка (за потврда на трансакцијата)
    • Доставата за замена на неисправен производ е бесплатна.
  • замена на производот се врши доколку производот е нефункционален, оштетен или доколку е испратен грешен производ. Производот може да биде заменет само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.
  • производот потребно е да се врати во просториите на ПРОДУКЦИЈА ЗЛАТЕН ЗАБ на ул. Аминта Трети бр. 21/4 1000 Скопје. Трошокот за поврат е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДИРАЊЕ

Во случај на ОТКАЖАНИ или ОДЛОЖЕНИ НАСТАНИ, ПРОДУКЦИЈА  ЗЛАТЕН ЗАБ ја има следната политика:

  • За ОТКАЖАНИ настани ќе Ви бидат вратени парите за влезниците купени преку Интернет (online). Повратот ќе биде вршен исклучиво преку електронско банкарство, директно на сметката на купувачот, со претходно приложување на доказ за купување (одпечатен билет, број на нарачка за потрвда на транскацијата). Доколку сте купиле влезница од продажно место, вратете ги влезниците на истото место заедно со фискалната сметка и парите ќе ви бидат вратени или следете ги дополнително информациите на каков начин ќе ви бдат вратени парите.
  • За ОДЛОЖЕНИ настани навремено ќе бидете информирани од наша веб страна за промената на настанот. Доколку терминот за одложениот настан не е во согласност со вашите активности, влезниците ќе ви бидат заменети со влезници за друг настан или партите ќе ви бидат вратени.
  • Не е возможно парите да бидат рефундирани и не се врши замена на друг производ/билет доколку не сте се појавиле на настанот, а претхдно сте купиле карти преку интернет (online) или преку нашите продажни места.
  • Не е можно рефундирање на пари за откажување на купени карти преку интернет (online), по барање на клиентот.
MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro