Sold out!

МРАК ХУМОР ТИШИНА – ДАРКО БОГДАНОВ / ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

4.32 EUR

Sold out!

Опис

Наслов: Мрак Хумор Тишина

Издавач: Дарко Богданов/Јордан Коцевски

Печатено: 2014

Јазик: Македонски

Автор: Дарко Богданов (цртеж), Јордан Коцевски (сценарио)

Страници: 68

Формат: А4

Цена: 270 денари

„Мрак Хумор Тишина“ е антологиско стрип издание кое ја заокружува соработката на Авторите Дарко Богданов (цртеж) и Јордан Коцевски (сценарио) на поголем број кратки стрипови кои тандемот ги има изработено во периодот од 2009 до 2014 година. Како што кажува и самиот наслов, приказните се поделени во три рубрики – мрачни приказни со делумни елементи на хорор („Мрак“), комични стрипови со пресврт на крајот („Хумор“), и стрипови во кои главна е тишината и сето тоа што таа го носи, во главно без текст, или текстот е еквивалент на внатрешната тишина на ликовите. Покрај главните автори, во ова издание како автори специјални гости се застапени и цела екипа од македонски илустратори и сценаристи со свои мали сегменти – Андреј Манев, Александар Стеванов, Стефан Коцевски, Весна Ничевска, Игор Јовчевски и  Стефчо Коцевски.

Дарко Богданов е роден на 04.04. 1984 во Скопје, Р.Македонија
Завршува отсек графика во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје во 2003 година, а потоа дипломира исто така на отсек графика во 2007 година на Националната Ликовна Академија во Софија, Р. Бугарија во класата на Димо Колибаров. Се занимава првенствено со цртање стрипови и илустрација од 2000 година па се до денес.

Објавени кратки стрипови во повеќе стрип списанија во земјата и во странство, редовен учесник со свои стрипови на скоро сите балкански стрип фестивали. Добитник на 5 награди за стрип до сега, и автор на 4 стрип албуми – „Modus Vivendi“ во 2011 година, „Мрак Хумор Тишина“  заедно со сценаристот Јордан Коцевски во 2014 година, „Витези од Соседството“  повтороно во соработка со Јордан Коцевски, преку издавачот „Стрип Квадрат“ од Скопје во 2016 година, и во соработка со Александар Стеванов, „Ægri Somnia“ на самиот крај од 2020 година.. Во 2018 година заедно со Александар Стеванов и Сашо Гачев е исто така коавтор на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски ‚Дневник‘“, посветена на македонските автори кои работеле за тој српски издавач.

Во 2008 година работи  како стрип цртач за бугарскиот стрип издавач „ИЕКК Комикс“ од Софија, а во 2009 година работи за филмското студио „NU IMAGE“ исто така во Софија како сториборд уметник на филмовите „The Expendables“ и „Conan“.

Зад себе има  четири самостојни  изложби и учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и странство. Член на здружението на ликовни уметници „УМ“ од Виница, со кое редовно учествува во заеднички проекти и изложби. Исто така веќе две години по ред е дел од организацискиот тим кој ја организира ликовната колонија „Св. Ѓорѓи“ која се одржува на крајот на август во виничкото село Блатец.

Живее и работи во Виница, Р. Македонија.

MKD / EUR
EUR Euro