СОЗДАВАЊЕ – АЛЕКСАНДРА  ДИМИТРОВА

42,000.00 MKD

In stock

Опис

Наслов: СОЗДАВАЊЕ 

Автор: м-р Александра Димитрова

Материјал: Акрил на платно

Производство: 2020 год.

Цена: 42000 денари 

Димензии: 120 cm х 100 cm

АЛЕКСАНДРА  ДИМИТРОВА

Родена 1986 година во Кочани. Средно образование завршува во училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, во класата на професорите Ангеле Гавровски и Газанфер Бајрам. Дипломира на ФЛУ во Скопје на одделот сликарство со конзервација и реставрација во класата на Проф. Благоја Маневски. Магистрира во класата на Проф. Јован Шумковски.

Има 8 самостојни изложби во Македонија. Учесник е на повеќе ликовни колонии, семинари, симпозиуми и групни изложби во земјата и странство. Член на Друштвото на ликовни уметности на Македонија ДЛУМ во Скопје и е член во советот на ДАФ во Кочани.  Заедно со Општина Кочани е организатор на младинската Меѓународна ликовна колонија “Св. Пантелејмон” – во Кочани.

Од 2015 година е вработена е  во НУЦК “Бели мугри“ – Кочани како стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн, исто и како професор по ликовна уметност во училиште за цртање и сликање. Од 2017 година до 2020 година ја извршува работната позиција Директор во НУЦК “Бели мугри“ – Кочани.

 

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro