ЦВЕЌЕ 4,5,6,7 -ЖИВКО ПОПОВСКИ-ЦВЕТИН
21.60 EUR
Sold out!
Опис
Наслов: Цвеќе 4,5,6,7
Автор: Живко Поповски-Цветин
Материјал: Акрил на специјален хамер
Производство: 2021 год.
Цена: 1350 денари
Димензии: 20 cm x 27 cm
Живко Поповски-Цветин
Живко А. Поповски – Цветин е роден 1944 година.
Завршил студии во Белград, Р. Србија.
Сликарството му е голема љубов и опсесија уште од најрани денови. Во изминатите 35 години главен мотив му е цвеќето, кое со голема убавина прераснува во симбол на мирот. Станува збор за сликар и хуманист, кој речиси целокупното свое творештво во над три децении му го има посветено на цвеќето и на неговата мировна мисија, со основна порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“
Над 55 000 слики „Цвеќе на мирот“ досега има подарено и се наоѓаат во колекциите на познати државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија.
Досега Поповски има организирано над 300 изложби во земјата и во странство, меѓу кои во Полска, Канада, Германија, Романија САД, Хрватска, Србија, Италија, Австралија и др.
Во 2009 година Поповски беше кандидат за Нобелова награда за мир, каде од 205 кандидати, беше меѓу првите 5 во потесен избор.