3 – ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

18,750.00 MKD

In stock

Опис

Наслов: 3

Автор: Панде Петровски

Материјал: Комбинирана техника

Година на изработка: 2019 год.

Цена: 18750.00 денари

Димензии: 75 cm х 100 cm

ПАНДЕ ПЕТРОВСКИ

Роден 1939г. во Брусник, Битола. Завршил Педагошка Академија во Скопје, ликовна насока во класата на Вангел Коџоман. Работел како наставник по ликовно воспитание од 1964 до 2002). Сега е во пензија. Член е на: ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници Битола). Координатор е на меѓународната ликовна колонија “Де Ниро”–Битола од нејзиното основање (2005 год.).

Реализирал повеќе самостојни изложби (од 1959 до 2014) во: Битола, Кавадарци, Охрид, Креплин и Жагубица (Србија), Крањ (Словенија), Упсала (Шведска), Сиднеј и Волонгог (Австралија). Учествувал на многубројни групни изложби (од 1964 до 2004) во Битола, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Штип, Куманово, Струга, Скопје, Софија (Бугарја) и Истанбул (Турција). Неговите дела биле изложени и на меѓународни изложби на карикатури во Скопје, Струмица, Белград, Земун, Монтреал, Габрово, Истамбул и на меѓународни ликовни колонии во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и  Романија (во  период од 1999 до 2015).

Неговите цртежи се објавувани во весниците како  “Нова Македонија”,”Остен”,”Просветен работник”,”Битолски Весник”, “Без Навреда” и во повеќе списанија за култура како и антологиите за македонскиот и балканскиот афоризам. Исто така неговите цртежи се наоѓаат и во книгите: “Бели мисли и размисли”-афоризми, “Оаза на плачот”- хуморески, ”ДУМИ”-афоризми и хуморески, ”Срце куќа најширока”–цртежи (монографски каталог), ”Хомољски мотиви”–цртежи. Неговите илустрации ги има и на насловните страни во повеќе од 100 книги за деца и возрасни.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои:  наградата “Кирил и Методиј” за особени достигнувања во образованието, наградата “4-ти Ноември” на Општина Битола од oбласта на ликовната уметност, наградата на XIX Југословенски конкурс за сатиричен  цртеж и современа карикатура на “Студенски збор”, специјална награда на 37. Светска галерија на карикатура“Остен”-Скопје, плакета–50 години МНД-Битола,  наградата „Борислав Траиковски“ за најдобро ликовно остварување на годишната изложба на ДЛУБ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro