Sold out!

Зборник за Кратово (книга прва) – НИКОЛА РИСТЕВСКИ

Опис

Наслов: ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО – книга прва

Автор: НИКОЛА РИСТЕВСКИ

Година на издавање: 2018

Цена:  денари

Издавач:

Страни:

Инфо: Зборник за Кратово – книга прва е прв зборник за Кратово од ваков вид кој е објавен во Република Македонија. Во оваа книга се собрани патеписи, песни, приказни, легенди и преданија, научни трудови, истражувања, делови од книги, пропагандни написи, исечоци од весници и фототипни страници од книги на бугарски и српски јазик во кои се споменуваат Кратово и неговата околина. Најголем дел од претставената литература ја имам пронајдено во дигитални збирки и библиотеки на интернет, достапни за широка употреба, а користам и дел од книгите и записите од семејната библиотека.
Книгата започнува со делови од патеписите на Евлија Челебија и Ами Буе, а содржи записи одЕфрем Каранов, Стеван Симиќ, Јордан Иванов, Јован Цвијиќ, Павел Шатев и други автори. Зборник за Кратово – книга прва завршува со пророштвата на старците од Кратово, кои исто така за прв пат се појавуваат во јавноста како дел од печатено издание. Следните Зборници за Кратово веќе се во подготовка, содржат исечоци од книги на англиски, француски и руски јазик во кои се споменува овој регион, стари карти и мапи, спомени и сведоштва, фотографии и уште многу значајни информации за прекрасниот македонски град Кратово и неговата околина.
Благодарам на моите драги пријатели Домагој Николиќ и Стевче Доневски кои ми овозможија од близу да се запознаам со мистичниот Кратовски регион.

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro