Звукот на тишината – ЕВА РИСТЕВСКА

350.00 MKD

In stock

Опис

 

Наслов: Звукот на тишината

Автор: Ева Ристевска

Година на издавање: 2021

Цена: 350 денари

Издавач: ДАТАПОНС, Скопје

Страни: 168

Категорија: Драма/Мистерија/Романса

Инфо: Нинбург, септември 1960: Поствоена Германија, разбранувана со младински движења чии водачи се родиле во рушевините на војната, е средината во која младата Клара првпат влегува во средното училиште, кое ќе ѝ го промени животот. Девојка која се крие зад блокот цртежи со јаглен на кејот на реката Зале, која сака да остане незабележана од надворешниот свет, станува дел од необична дружина по име Еквилибриум, со која влегува во светот на политичките движења во Западна Германија.
Низ целата приказна владеат мистеријата и сенката што ја обвиваат Клара, борбата со анксиозноста и депресијата кои ја следат откако Зaле ја зеде својата прва жртва, а играта на судбината ја впушта во потрага на исчезнато момче која ќе отвори нов свет исполнет со мистерија, љубов, измами, гнев и заборав.
Приказна која плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани – сите состојки потребни да создадат возбуда и тензија која ни еден читател нема да остави рамнодушен.

Во книгата има и илустрации – цртежи нацртани од авторката.

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro