ПРИНЦОТ ШТО ЛИЧЕШЕ НА МАЛИОТ ПРИНЦ – ЈОРДАН ЃОРЧЕВ

230.00 MKD

In stock

Опис

Наслов: Принцот што личеше на малиот принц

Автор: Јордан Ѓорчев

Година на издавање: 2020

Цена: 230 денари

Издавач: „Меѓународен Центар за Славјанска Просвета“ – Свети Николе

Страни: 102

Инфо:  Преку возбудливата приказна за планетата на која живееме и можните планети на кои би можеле да живееме, се покажува, дека пулсот на детето во нас е главен сензор на вистината и лагата, на радоста и тагата, на животот и смртта. Основен именител на возбудливата приказна што авторот умешно ја гради преку дијалог е потрага по големата љубов и враќање на радоста во животот.

Сказната на авторот во својот поттекст ја проблематизира апокалиптичната визија како резултат на аномалиите на современиот свет и на лажните вредности на кои се темели свеста на него.

 

Јордан Ѓорчев е роден 1963 година во Свети Николе.

Во Скопје завршува правен факлутет, Магистрира на тема од областа социјална психологија во Русија и општествени и политички односи во Бугарија, а докторира на Тамбовскиот државен универзитет.

Од 2000-2005 година работи како градоначалник на општина Свети Николе. Во 2005 ја основа приватната високообразовна установа – Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе. Денес работи како директор на Управен Одбор на МСУ.

Во слободно време се занимава со сликарство, карикатура и пишува поезија и проза. Има издадено повеќе дела меѓу кои: збирка карикатури „Мојот пат”, тријазичина збирка на карикатури „На мој начин 2“, илустрирано кратко дело „Принцот што личеше на малиот принц“, збирка раскази „По 3000-та”, збирки поезија  објавени на македонски и руски јазик: „Еден, една, едно“, „Чекори еден ден осамен“ и „Здивот на волшебното огледало“. Автор е и на повеќе стручни книги од областа на економијата.

MKD / EUR
MKD Macedonian denar
EUR Euro